Македонија Гутерес: Македонија и Србија се клучни во менаџирање на мигрантската криза

Гутерес: Македонија и Србија се клучни во менаџирање на мигрантската криза

Високиот комесар за бегалци на ОН, Антонио Гутерес, на средбата со претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, во Женева, истакнал дека Македонија и Србија се клучни во менаџирање на мигрантската криза и дека Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) настојува Брисел да овозможи поголема помош за овие две држави.
На средбата, како што информираше кабинетот на претседателот, Иванов укажал на моменталните состојби со кои се соочува Македонија во врска со мигрантската криза. Во тој контекст, македонскиот претседател ги посочил мерките и активностите што се преземаат при влез, транзитирање и при излез на мигрантите во регионите зафатени со кризната состојба.