Подглавна секција Гулаб осомничен за шпионажа ослободен по осум месеци притвор во Индија

Гулаб осомничен за шпионажа ослободен по осум месеци притвор во Индија

Искушението на гулабот започнало во мај, кога бил фатен во близина на пристаниште во Мумбај со два прстена врзани за неговите нозе во кои се наоѓала порака

Фото: Image by Gábor Bejó from Pixabay

Индиската полиција ги расчисти сомнежите околу гулабот за кој постоеја сомневања дека е кинески шпион и го ослободија во дивината по осум месеци поминати во притвор, пренесува „Гардијан“ според извештаите на индиски медиуми.

Искушението на гулабот започнало во мај, кога бил фатен во близина на пристаниште во Мумбај со два прстена врзани за неговите нозе во кои се наоѓала порака која се чинела дека е на кинески. Полицијата се сомневала дека гулабот е вклучен во шпионажа и го заловила, по што го испратиле во болница за животни во Мумбај.

На крајот било откриено дека станува збор за гулаб – тркачка птица од Тајван, која побегнала и тргнала кон Индија. Со полициска дозвола, птицата била пренесена во организација за спречување на суровост кон животните во Бомбај, чии лекари ја ослободиле во вторникот.

Ова не е првпат птица да биде осомничена од страна на индиската полиција.

Во 2020 година, полицијата во Кашмир контролиран од Индија, ослободи гулаб на пакистански рибар, откако истрагата открила дека птицата која прелетала преку силно милитаризираната граница меѓу двете земји вооружени со нуклеарно оружје, не е шпион.

Уште еден гулаб бил заловен во 2016 година, откако со него била пронајдена белешка со која биле упатени закани кон индискиот премиер Нарендра Моди.