Технологија Гаџети „Гугл“ со „андроид“ ќе ги освојува бизнис-корисниците

„Гугл“ со „андроид“ ќе ги освојува бизнис-корисниците

Американскиот интернет-пребарувач „Гугл“ лансираше програма која овозможува паметните телефони што користат оперативен систем „андроид“ да бидат прилагодени за професионална употреба.

„Гугл“, на својот официјален блог, објави дека програмата „андоид за работа“ (Android for Work) ќе обезбеди подобрена безбедносна алатка и функции наменети за компании кои сакаат да ги опремат своите вработени со уреди со оперативен систем „андроид“.

Паметните телефони со оваа поддршка ќе им се овозможи на корисниците да ги држат одвоено личните и професионалните апликации.

„Гугл“ соопшти дека работи во партнерство со повеќе од 20 фирми, меѓу кои „Блекбери“, „Цитрикс систем“ и „Бокс“.