Свет „Гугл“ под закана за тужба од шест милијарди долари

„Гугл“ под закана за тужба од шест милијарди долари

Наскоро „Гугл“ ќе треба да се соочи со многу голема и многу скапа судска битка со казна од шест милијарди долари.

Европскиот регулатор за монополи одлучил да поднесе формална тужба која „теоретски“ би можела да има огромни парични последици за компанијата. Регулаторите во Европа го набљудуваа „Гугл“ повеќе од четири години и, наводно, заклучиле дека компанијата го користела огромното влијание за да ги наведе интернет-корисниците кон сопствените сервиси, а подалеку од конкуренцијата. Шефицата на антимонополската комисија, Маргарет Вестагер, треба да лета до Вашингтон, а засега ја нема објавено одлуката.