Галерија Ѓубрето како уметност потсетува дека тоа не смее да биде декор на...

Ѓубрето како уметност потсетува дека тоа не смее да биде декор на улиците

Таканаречената Единица за брзи артивистички акции, поттикната од отпадоците на улиците и тревниците низ земјава, изминатава година направи повеќе, како што велат, „изложби“, во обидот да ја кренат свеста на граѓаните за јавната хигиена.

„Со сатиричен приказ на изјавата на Енди Ворхол: „Само затоа што луѓето го фрлаат и притоа немаат никаква корист од него, тоа не значи дека е ѓубре“ нашата Единица за брзи артивистички акции организираше изложби на бројни локации низ земјата. Нашата надеж е дека низ сатиричното укажување како изгледа нашата животна околина ќе придонесеме кон освестување на граѓаните да не ја уништуваат и нагрдуваат природата и местата во кои сите заедно живееме“, порачаа уметниците.

Во духот на сатиричната акција, тие велат дека обележаните „инсталации“, односно означените фрлени отпадоци прикажани подолу се „заштита на уметнички дела на бројни уметници кои  создаваат на територијата на Скопје и Македонија“.