Видео Груевски во Брисел на средби со лидери на народни партии

Груевски во Брисел на средби со лидери на народни партии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска, придружуван од претставници од партијата, е во дводневна работна посета на Брисел.

За време на посетата, како што соопштуваат од партијата, Груевски ќе се сретне со високи претставници на матичната европска партија, Европската народна партија (ЕПП), како и со други европски политичари.

Груевски, кој е придружуван од министрите за надворешни работи и за здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров, и од пратениците Александар Николоски и Владимир Ѓорчев, денеска се сретнал со европратениците Маријана Петир, Милан Звер и Едвард Кукан, како и со германскиот федерален министер за храна и земјоделство од Баварија, Кристијан Шмит.

– Средбите поминаа одлично. Ние сме дојдени во партиска посета, во контекст на евроатлантските интеграции на Македонија и во контекст на намалување на штетите од политичката криза во Македонија. Во однос на евроатлантските интеграции, дојдени сме на средби со повеќе пријатели на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ. Со нив денеска имавме контакти, а ќе ги продолжиме средбите и утре – рече Груевски.