Македонија Груевски: Вистинската политика подразбира носење мудри одлуки

Груевски: Вистинската политика подразбира носење мудри одлуки

Претседателот на ВМРО-ДОМНЕ, Никола Груевски, денеска на политичката академија „Современа политичка партија“ рече дека политиката треба да му служи на граѓанинот и таа не подразбира бенефиции и комодитет ниту, пак, се состои од поседување посебен општествен статус, а најмалку од ползување на некаков тесен интерес.

„Она што е добро за државата и за народот треба да е добро и најважно за политичарите. Вистинската политика подразбира носење мудри одлуки со кои треба да се направи совршен баланс, штитејќи ги државните интереси, да не се загрози државата и нејзината иднина, да се запазат интересите на граѓаните и тоа што тие го бараат. Народот е тој што одлучува и за нас, како ВМРО-ДПМНЕ, најважно е мислењето и волјата на народот. Волјата на народот е несоборлива вредносна оцена за состојбите“, рече Груевски.

Политичката академија ја организираа Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија и Институтот „Павел Шатев“.