Дописници Груевски утре ќе го отвори кружниот тек на Туристичка во Охрид

Груевски утре ќе го отвори кружниот тек на Туристичка во Охрид

Утре во Охрид премиерот Никола Груевски свечено ќе го отвори кружниот тек помеѓу булеварот Туристичка и улицата Бистрица.

Груевски утре, во 13 часот, ќе присуствува и на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот водовод во селото Ботун.

Премиерот ќе го посети и селото Мешеишта, каде ќе биде поставен камен-темелник на колекторскиот систем, по што ќе биде пуштено во употреба реконструираното училиште и повеќенаменската балон-сала во селото Требеништа.