Македонија Груевски сè уште е премиер – на интернет

Груевски сè уште е премиер – на интернет

Довчерашниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, иако му беше констатирана оставката од страна на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на интернет сè уште се води како премиер.

Груевски сè уште фигурура како премиер на сите официјални интернет-страници, па и на официјалната веб-страница на Владата, иако тој сега е само претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а премиер на преодната влада е Емил Димитирев.

На официјалниот фејсбук-профил на Груевски во описот стои: Премиер на Република Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а меѓу информациите од работната биографија стои дека е премиер на Македонија од август 2006 и дека сè уште ја извршува функцијата.

Ист опис за Груевски како на „Фејсбук“ има и на „Твитер“.

На официјалната веб-страница на Владата на Република Македонија, во категоријата „претседател на владата“ стои Никола Груевски, иако од вчера официјално премиер е Емил Димитриев.

И на официјлната веб-страница на ВМРО-ДПМНЕ пишува дека Никола Груевски е премиер на државата.

Само „Википедија“ ги ажурирала податоците навреме, па така на страницата за Македонија стои дека од 18 јануари 2016 година привремен премиер е Емил Димитриев.