Македонија Груевски одржа средба со коалициските партнери

Груевски одржа средба со коалициските партнери

Во просториите на ВМРО-ДПМНЕ денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се сретнал со претседателите и со претставниците на партиите кои се дел од Коалицијата за подобра Македонија.

„На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, како и за најновите случувања во македонскиот парламент, вклучително и за незаконскиот обид за избор на претседател на собранието. На средбата беше осуден нелегалниот, противуставен и незаконски обид за избор на претседател на собранието од страна на СДС. Исто така, се осудуваат провокациите од страна на СДС и на Зоран Заев, кои со своето однесување го предизвикаа револтот на граѓаните. Прекршени се Уставот, законите и деловникот и за тоа мора да има одговорност“, информираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Коалицијата за подобра Македонија го осудува насилство и дека тоа не треба да биде начин на комуникација. На состанокот се заклучило дека потребно е смирување на страстите и носење на одлуки во согласност со Уставот и со законите.