Македонија Груевски: Новата влада ќе биде антиреформска

Груевски: Новата влада ќе биде антиреформска

Времето ќе покаже каква реформска влада ќе бидат, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, додавајќи дека е уверен дека новата влада ќе биде антиреформска и ќе направи помалку од она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Во однос на изјавата на генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски дека ќе им треба многу време да ги средат работите, Груевски рече во изминатите 10 години Владата на ВМРО-ДПМНЕ направила толку работи што на СДСМ нема да им бидат доволно ниту 30 години за да ги надмине.

– Тоа е класично оправдување за своето идно неработење, оправдување затоа што знаат колкави им се капацитетите, знаат дека програмата им е празна и без сериозни и крупни работи. Знаат дека со укинување на радиодифузната такса не се решава економската состојба на граѓаните, дека ветуваа работи коишто се нереални и дека масовно ќе се враќале граѓаните иселени од земјава, истакна Груевски. Сега засега од она што можам да го дознаам главната реформа ќе им биде промена на името на државата и на идентитетот, на Законот за јазиците и одредени работи коишто се зацртани во извештајот на Европската унија, коишто и ние ќе ги завршевме доколку формиравме влада, рече Груевски и повторно истакна дека СДСМ не биле избрани од граѓаните на избори