Македонија Груевски: Наводите на Заев за парцели се целосно измислени и невистинити

Груевски: Наводите на Заев за парцели се целосно измислени и невистинити

Најостро ги демантирам, како целосно невистинити, наводите изјавени од Зоран Заев за тоа дека, наводно, сум купувал градежни плацеви и дека, наводно, сум сопственик на каков било плац или, пак, на каков било начин поседувам имот надвор од оној што е пријавен во мојот анкетен лист, кој е јавно објавен, вели во демантот премиерот Никола Груевски.

„Овие наводи се целосно измислени и невистинити. Тоа се лаги и конструкции, чија цел е јасна, а тоа е моја компромитација, како дел од сценариото кое овој човек го одработува. Очигледно, откако сфаќаат дека ефектот од ова што го прави Зоран Заев е далеку од она што го очекуваа, тој сè повеќе се заглавува во нови и нови конструкции и на тој начин сака да го дефокусира вниманието од неговата лична одговорност, базирана на злоупотреби и на тешки кривични дела“, стои во демантот на Груевски.