Македонија Груевски најави нова инвестиција со 1.000 работни места

Груевски најави нова инвестиција со 1.000 работни места

Нова инвестиција што ќе отвори 1.000 работни места најави премиерот Никола Груевски.

„Она што го ветив пред јавноста на 25 март 2014 година, дека ќе има инвестиција во охридско-струшкиот регион, се официјализираше финално. Германската компанија „Костaл“ објави инвестиција и 1.000 нови работни места. 1.000 нови вработувања за охриѓани и за стружани. Вие знаете дека може да верувате на нашиот збор, дека е реалност и има корист за народот. По „Гентерм“ и по „Капкон“, „Костaл“ е трета инвестиција во само седум дена. Објава за 2.500 нови работни места за само една недела. Нашата борба за секое ново работно место продолжува“, напиша Груевски на својот фејсбук-профил.