Македонија Груевски на средбата со Жбогар: Интерес на ВМРО-ДПМНЕ се фер избори

Груевски на средбата со Жбогар: Интерес на ВМРО-ДПМНЕ се фер избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.

„Соговорниците се осврнаа на европските интеграции на државата, чекорите и мерките што се преземаат, а се во насока на напредок на процесите, како и актуелните политички случувања во државата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски ја афирмираше стратешката цел за влез во Европската Унија, како значаен приоритет на државата, и важноста на соработката во насока на исполнување на зацртаните критериуми. Груевски посочи дека интерес на ВМРО-ДПМНЕ се фер, веродостојни и демократски избори како единствено решение за  наметнатата политичка криза. Тој истакна дека во тој процес важна е соработката и конструктивниот пристап на сите субјекти вклучени во изборите, овозможувајќи им на граѓаните исполнување на нивното демократско право на избор“, стои во соопштението од владејачката партија.