Македонија Груевски на средба со заменик-претседателката на Социјалистичка Република Виетнам

Груевски на средба со заменик-претседателката на Социјалистичка Република Виетнам

Премиерот Никола Груевски, денеска ќе има средба со Нгујен Ти Доан, заменик-претседателка на Социјалистичка Република Виетнам.

По средбата ќе се потпише Договорот за економска соработка помеѓу двете земји, кој ќе биде потпишан од Беким Незири, министер за економија на Република Македонија, и До Танг Хаи, заменик-министер за индустрија и за трговија на Социјалистичка Република Виетнам.

Во рамките на настанот ќе биде потпишана и Спогодбата за укинување визи за носители на дипломатските и службените патни исправи, која ќе ја потпишат Драгана Кипријановска, заменик-министерка за надворешни работи на Република Македонија, и Ву Хонг Нам, заменик-министер за надворешни работи на Социјалистичка Република Виетнам.