Македонија Груевски му се пожалил на Сијарто дека во Македонија се загрозени човековите...

Груевски му се пожалил на Сијарто дека во Македонија се загрозени човековите права и слободи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во заминување, Никола Груевски денеска се сретнал со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петар Сијарто со кого разговарал за актуелните состојби во општественото и поличкото живеење, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски му рекол на Сијарто дека во Македонија се загрозени основните слободи и права и дека ВМРО-ДПМНЕ како и дека повеќе нејзини членови, како и истакнати општествени личности кои не се истомисленици со актуелната влада се мета на жесток политички притисок и прогон.

– Невини луѓе се наоѓаат во притвор, само затоа што слободно размислуваат и си ја сакаат и почитуваат сопствената држава и тоа преставува редок пример за една заробена држава во која наместо функционирање на правото и правната држава се носат одлуки под политички диктат -рекол Груевски.

Тој на Сијарто му потенцирал дека судството е уценето, а СЈО, а веќе и ОЈО функционираат како политички инструмент притоа целосно заобиколувајќи ги правните нормативи.

Груевски изразил благодарност за поддршката на Унгарија во остварувањето на стратешките интереси на државата.