Главна секција Груевски и Туск разговарале за проблемот за името

Груевски и Туск разговарале за проблемот за името

Премиерот Никола Груевски, по средбата со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека Македонија може да смета на негова подршка. Туск се интересирал за реформите во земјата, а најголем дел од средбата минала во дискусија за причината на грчката блокада за почнување на пристапните преговори на Македонија со Унијата.

-Неизбежно беше да е спомне главната пречка за започнување на преговорите, неговата поддршка ја имаме, се познаваме многу долго, секогаш се декларирал дека се поддржувачи на членството на Македонија во ЕУ, односно на почнувањето преговори, но тоа не зависи само од него – истакна Груевски.

Премиерот додаде дека Туск „може да помогне“ но дека крајната одлука бара одобрување од сите земји членки на Унијата.