Македонија Груевски денеска во САД, на средба со американскиот потпретседател Бајден

Груевски денеска во САД, на средба со американскиот потпретседател Бајден

Премиерот Никола Груевски денеска е во посета на Соединетите Американски Држави (САД), каде, според најавите, ќе има средба со американскиот потпретседател Џо Бајден, а според непотвредени информации, можни се и средби со други американски функционери.

Средбите, како што е предвидено, ќе се одржат во вечерните часови по македонско време.

Продлабочување на меѓусебните односи и на соработката, реформите во Македонија и демократските процеси, зголемувањето на економската соработка и на трговските односи, безбедносни прашања и интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската унија (ЕУ), според најавите, треба да бидат темите на кои во Вашингтон ќе разговараат Груевски и Бајден.

Викендов дел од медиумите излегоа со информации дека Груевски во Вашингтон ќе има средба и со заменичката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд. Сепак, за оваа информациија засега нема потврда ниту од Груевски, ниту од Владата.

Ова е втора средба на Груевски со американскиот потпретседател Бајден. Првата нивна средба беше во февруари 2011 година.