Главна секција Груевски: Ако опозицијата е конструктивна, ќе ги запазиме роковите од договорот

Груевски: Ако опозицијата е конструктивна, ќе ги запазиме роковите од договорот

Доколку опозицијата е конструктивна како што сме ние, навреме ќе заврши процесот за избор на специјален јавен обвинител и состав на ДИК, истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање, дали политичките партии ќе успеат да ги запазат роковите предвидени во Договорот од Пржино.

Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ има црвени линии во политичките преговори со опозицијата, Груевски нагласи дека црвените линии на партијата се Уставот, законите и волјата на граѓаните.