Македонија Груби ја закажа за попладнево комисијата за изменување на Изборниот законик

Груби ја закажа за попладнево комисијата за изменување на Изборниот законик

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, за 17.30 часот денеска закажа седница на која единствена точка е предлог-законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка.

Овој потег на Груби уследи кратко по завршувањето на лидерската средба, на која претседателите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса на Билал Касами не постигнаа договор.

ВМРО-ДПМНЕ претходно многу пати го оквалификува потегот на Владата избор на ДИК наместо со двотретинско, да се овозможи  со мнозинство од 61 пратеник, како јасен обид да се погазат процедурите и да се донесуваат еднострани одлуки.