Свет Балкан Грција: Се удавија 12 бегалци, од кои осум деца

Грција: Се удавија 12 бегалци, од кои осум деца

Најмалку 12 бегалци, меѓу кои осум деца, загинаа денеска откако нивниот чамец се превртел кај источниот грчки остров Самос, соопшти крајбрежната стража.

Грчката крајбрежна стража и чамци на Фронтекс покренаа потрага, но засега не е познато колку лица биле во чамецот.
Светските агенции пренесуваат дека 10 лица се спасени, а се претпоставува дека околу 20 исчезнале.

Ова е втора бегалска трагедија во Егејот во последните 24 часа. Грчките спасувачи вчера пронашле тела на седум бегалци, меѓу кои и две деца, откако чамецот во кој се наоѓале се превртел кај островот Кос.