Свет Балкан Грција исплати рата на ММФ

Грција исплати рата на ММФ

Грција уплатила рата од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во износ од 186,3 милиони евра, потврди меѓународната институција, со што Атина избегна доцнење на исплатата на кредитот.

Грција денеска ги исплати каматите што ги должи кон ММФ, изјави портпарол на финансиската институција.

Ова е првпат Грција, од почетокот на јуни, навреме да ги плати своите обврски кон ММФ, а и преостанаа да отплати уште 22 милијарди евра кон институцијата. Следната рата од 307 милиони евра доспева на 1 септември.