Македонија Грејната сезона завршува денеска, но и наредните денови во Скопје ќе има...

Грејната сезона завршува денеска, но и наредните денови во Скопје ќе има парно

Фото: Архива на Мета.мк

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска извести дека грејната сезона во Скопје завршува денеска, но и тие и Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираа дека топлинска енергија ќе продолжи да се испорачува за граѓаните на Скопје и по 15 април.

„Со оглед на временската прогноза која најавува пониски температури за недела, понеделник и вторник, трите компании кои го обезбедуваат парното греење во Скопје, БЕГ, Скопје Север и ЕСМ-Енергетика, ќе продолжат да испорачуваат топлина, регулирано согласно утврдените правила и дијаграми, во зависност од атмосферските услови и надворешните температури во различни периоди од денот“, информираат од АД ЕСМ.

Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од страна на РКЕ,  снабдувањето со топлинска енергија може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 30 април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени, според податоците од Управата за Хидрометеоролошки работи на Р.Северна Македонија.