Свет Балкан Грчките пратеници ќе мора да ги вратат јануарските плати

Грчките пратеници ќе мора да ги вратат јануарските плати

Финансиската комисија на грчкиот Парламент побара од пратениците да ги вратат јануарските плати. Платите веќе биле исплатени на 23 декември, една недела пред третото гласање за претседател на државата, кое доведе до предвремени парламентарни избори и до распуштање на пратениците.

Секој од 300-те поранешни пратениците ќе треба да врати плата во износ од околу 6.000 евра, сума која сè уште предизвикува гнев и дилема кај народот зашто во време на високи даноци и на намалување на просечните плати, платите на народните избраници сè уште остануваат толку високи и луксузни.

М.П.