Свет Балкан Грчките бродови нема да пловат поради штрајк на Поморската федерација

Грчките бродови нема да пловат поради штрајк на Поморската федерација

Грчките бродови останаа закотвени на пристаништата утринава, поради најавата за 24-часовен штрајк на Поморската федерација на Грција.

Причината за штрајкот, кој може да продолжи и следните денови, се колективните договори за екипажите на бродовите.

Вработените бараат зголемување на платите за пет отсто, додека пак од компаниите предложиле зголемување за еден отсто годинава и уште еден отсто од први јуни 2019, нешто што не било прифатено од Поморската федерација на Грција.