Економија Грчката влада ќе го зголеми данокот за туристички услуги

Грчката влада ќе го зголеми данокот за туристички услуги

Грчката влада планира да го зголеми данокот за туристички услуги до 18 проценти. Доколку се усвои предлогот, ДДВ на цените во рестораните ќе се зголеми од 13 на 18 проценти, а во хотелите од 6,5 на 18 проценти.

Иако туристичките работници во Грција остро реагираа на овие најави, речиси е извесно дека овие предлог-мерки ќе бидат усвоени.

Грчкото Министерство за финансии смета дека реформата ќе го пополни буџетот на државата и ќе ја ублажи позицијата на странските кредитори.