Свет Балкан Грчката берза на најниско ниво од 1989 година

Грчката берза на најниско ниво од 1989 година

Главниот индекс на атинската берза падна на најниско ниво од 1989 година.

Проблемите во владата во Атина, во преговорите со кредиторите околу реформите на пензискиот систем и гневот на синдикатите поради последните мерки на штедење, повторно предизвикаа страв за состојбата со грчката економија и за нејизините изгледи за излез од кризата.

Нестабилноста се одрази на берзата, па главниот индекс на атинската берза доживеа пад за околу 2,5 проценти. Од 452,70 поени падна на 439,08 поени, што е најниско ниво од септември 1989 година.