Македонија Грчева: Најстрашно е што никој не ги демантира снимките

Грчева: Најстрашно е што никој не ги демантира снимките

На денешната седница  на Собранието, на која пратеници поставуваа прашања, присуствуваа премиерот Никола Груевски и повеќе министри од Владата.

Пратеничката Солза Грчева рече дека е загрижена за распаѓањето на безбедносниот систем. Таа вели дека ова веќе не е политичка криза, туку длабока општествена криза.

Грчева го праша премиерот Груевски дали мисли дека никој во Владата не е виновен за распад на безбедносниот систем и дали некој треба да понесе одговорност?

Груевски ѝ одговори дека во овој момент не треба да се брза со одлуките, дека треба да се почека на транспарентниот судски процес и потоа да се носат одлуки.

Таа додаде дека не станува збор само за морална одговорност на оние кои дозволиле распад на безбедносниот систем, туку ја доведува во прашање нивната способност да ги водат институциите.

– Најстрашно е што никој не ги демантира снимките од прислушувањето – рече Грчева.

Пратеничката Грчева му постави прашање и на министерот за здравство, Никола Тодоров, и му рече дека не е доволно да има разбирање за случајот на Тамара, посочувајќи му разбирањето да им го остави на граѓаните, а  тој како министер да покаже одговорност, и го запраша дали ќе поднесе оставка.

– Јас неколкупати досега ја посочив улогата на Министерството во овој случај – рече кусо Тодоров.