Свет Европа Граната зароби 500 рудари во Донецк

Граната зароби 500 рудари во Донецк

Околу 500 рудари останаа заробени во рудник откако граната ја погоди електричната централа во Донецк, јавува „Раша тудеј“. Гранатата ја погодила станицата изутринава, околу девет часот по локално време.

– Регистриран е напад на станица која го снабдува рудникот „Засјадко“. Заробени се 496 рудари. Се подготвуваме за нивна евакуација – објавија властите.

Рудникот „Засјадко“ е еден од најуспешните во украинската индустрија на јаглен.