Македонија Граѓанските организации на Спасовски му го презентираа планот за итни реформи

Граѓанските организации на Спасовски му го презентираа планот за итни реформи

Претставниците на граѓанските организации, Игор Мицевски од Институтот за комуникациски студии, Весна Гарванлиева од Центарот за економски анализи и Златко Димитриоски од „Мост“, на Оливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ, му го презентираа нивниот „Предлогот за итни демократски реформи“ во Македонија.

– Постои заедничка согласност за потребата од решавање на крупните проблеми во државата, како што се нефункционирањето на судството, состојбите во медиумите, јавните финансии, јавната администрација, образованието, изборниот систем и слично. Потребни се коренити реформи во државата. Мора да се исполнат клучните услови за спроведување регуларни избори. Реформите што ќе обезбедат квалитетен живот за граѓаните и демократска и сигурна иднина на Македонија, може да ги спроведе само легитимна влада избрана од граѓаните на слободни, фер и демократски избори – рече на средбата Спасовски.