Дописници Граѓански протести во Штип пред Основниот суд

Граѓански протести во Штип пред Основниот суд

Мирно и без инциденти поминува протестот во Штип. Демонстрантите, како и пред два дена, се собраа пред зградата на Основниот суд, од каде со транспаренти „Затвор за криминалци“, со извици и со свирежи продолжија кон општинската зграда.

Протестот е обезбедуван од повеќе полициски сили, кои се распоредени пред демонстрантите, но и местата каде минуваат.

За разлика од понеделникот, овојпат во Штип нема протести на ГДОМ.