Економија Граѓаните може да добијат парно и пред почетокот на грејната сезона

Граѓаните може да добијат парно и пред почетокот на грејната сезона

Иако грејната сезона почнува на 15 октомври, граѓаните може да добијат парно греење доколку прогнозата на УХМР за следниот ден предвидува температура пониска од 12 степени и Регулаторна комисија донесе одлука да се пушти греење. Од 1 октомври, „Балкан енерџи груп“ е подготвена на оваа законска обврска.

– Во согласност со законските прописи, грејната сезона може да почне секој ден почнувајќи од денеска, доколку временските услови го наложуваат тоа – се вели во последното соопштение на компанијата „Балкан енерџи груп“.

Од БЕГ испратиле писма до сите заедници на станари, односно до фирмите што управуваат со станбените единици, за нивните обврски за непречен почеток на грејната сезона, но во околу 200 објекти сè уште не се обезбедени бараните услови, поточно има дефекти во внатрешната инсталација, оневозможен е пристап на екипите до топлинските станици или нема електрична енергија во потстаниците.

Регулаторна комисија за енергетика одлучи од 1 август цената на парното да се намали за 2,75 проценти.