Економија Граѓаните ќе можат да ги плаќаат даноците преку интернет

Граѓаните ќе можат да ги плаќаат даноците преку интернет

Граѓаните можат да плаќаат даноци преку интернет со безготовинските картички „виза“, „маестро“ и „мастеркард“ издадени од домашни банки. Потребно е да се регистрираат и да креираат кориснички профил на електронскиот сервис „е-Плаќање на даноци“ на https://etax.ujp.gov.mk/

– Услугата „е-Плаќање на даноци“ овозможува да заштедите време, да ги избегнете каматите за задоцнето плаќање и како даночен обврзник (физичко лице) да вршите интернет-преглед и плаќање на вашите даночни долгови за персонален данок, ДДВ и за радиодифузна такса – објаснуваат од УЈП.

Покрај електронско плаќање данок, со регистрацијата и со користењето на оваа услуга, граѓанинот може да врши преглед и во секое време да има увид во состојбата на даночните долгови.