Економија Граѓаните да не плаќаат ДДВ на сумата што ја донираат преку мобилен...

Граѓаните да не плаќаат ДДВ на сумата што ја донираат преку мобилен телефон

Граѓните да не плаќаат ДДВ на сумата што ја донираат во хуманитарни цели преку специјален број од мобилните оператори.

Ова го предвидуваат последните измени и дополнувања на Законот за додадена вредност доставени до Собранието, а предлагач е Министерството за финансии.

– Цените на услуги од телекомуникациски оператор со кои се овозможува донирање финансиски средства преку отворен специјален телефонски број за донации, да бидат ослободени од данок на додадена вредност, со што директно ќе се влијае на намалување на цените на овие услуги – се вели во предлог-измените на Законот.