Македонија Градските советници одлучија во Скопје да се вози со 50 км/ч

Градските советници одлучија во Скопје да се вози со 50 км/ч

Советниците на Град Скопје денеска донесоа одлука да се усвојат заклучоците што ги предложија советниците од СДСМ, а се наменети за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Како што информираше денеска на прес-конференција координаторот на советничката група на СДСМ, Дамјан Манчевски, дел од предлозите се: намалување на дозволената брзина на движење на возилата на 50 километри на час, изградба на надземни пешачки премини, унапредување на велосипедската инфраструктура и подобрување на хоризонталната и на вертикалната сообраќајна сигнализација.

Од советничката група на СДСМ побараа информација кој и што ќе гради на местото каде сега се наоѓаат просториите на Градот Скопје, но, како што велат, таква информација не добиле.