Македонија Градските автобуси во Скопје за празниците со неделен возен ред

Градските автобуси во Скопје за празниците со неделен возен ред

Фото: Мета.мк

Во текот на претстојните Велигденски празници и в среда, 1 Мај, Ден на трудот, автобусите од јавниот градски превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Овој возен ред ќе се применува од петок до понеделник, а исто така и в среда, со исклучок на петок, кога одредени линии ќе сообраќаат по делничен возен ред. Тоа се линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160 и 180.

Жичницата на Водно ќе работи вообичаено сите празнични денови од 10 до 18 часот, а автобусите што сообраќаат до Средно Водно 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) в понеделник (29.04.2019 година) ќе возат по неделен возен ред.
Жичницата во вторник, 30 април, нема да работи.