Македонија Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски позитивен на ковид-19

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски позитивен на ковид-19

Градоначалникот на скопската општина Бутел, Велимир Смилевски е позитивен на ковид-19, соопшти тој на неговиот фејсбук-профил.

„И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав веднаш направив тестирање на ковид-19 и истиот е позитивен. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате. Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција“, напиша Смилевски.

Според последните информации на Министерството за здравство, бројот на заболени лица од ковид-19 забрзано расте во главниот град. Во Скопје заклучно со вчерашниот ден имало 945 активни случаи на ковид-19, од кои најголем број се во општина Аеродром (165), додека во општина Бутел има 37 заболени од ковид-19.