Македонија Градоначалникот на Бутел го повикува Спасовски „да го ослободи крстот“

Градоначалникот на Бутел го повикува Спасовски „да го ослободи крстот“

Градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски, денеска на прес-конференција го повика министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да интервенира и да го ослободи просторот кај кружниот тек во Бутел, кој од синоќа го запоседнаа активисти на ДУИ, во знак на протест против најавената изградба на 55-метарски крст.

– Техничичкиот министер Оливер Спасовски вчера не ја изврши работата за која зема плата од граѓаните. Спасовски вчера не успеа да спречи нарушување на јавниот ред и мир и узурпација на земјиштето на општина Бутел. Полицијата имала и има капацитети да се справи и со многу посериозни ситуации, затоа бараме Спасовски да даде асистенција за ослободување на просторот кај кружниот тек во општина Бутел. Овој простор е јавен, но, за жал, узурпиран од непознати лица кои ја срушија оградата и поставија шатори – изјави Латиновски.

Запрашан дали Општината планира да ја повлече одлуката за изградба на крстот, градоначалникот на Бутел кратко одговори дека таа е донесена од општинскиот Совет и според него е легитимна.