Хроника Градежен работник загина во Маврово

Градежен работник загина во Маврово

Градежен работник загина вчера во Маврово откако паднал од петиот кат од зградата на која работел.

Полицијата соопшти дека вчера околу 10.40 часот во Маврово, при работа на изградба на нов објект односно поставување на плоча, од петтиот кат паднал Џ.Ш. (47) од село Добри Дол-Гостиварско, вработен во АДГ„Пелагонија“, при што починал на самото место.

Увид извршила екипа од Полициската станица – Гостивар.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.