Хроника Градежен работник починал на работно место

Градежен работник починал на работно место

Вчера, околу 15.40 часот, во Скопје, на улица Македонија, во објект во изградба на ЕЛЕМ, при вршење работни задачи, на Т.П.(51) од Скопје му паднала метална цевка од скеле на глава, при што тој починал.

Смрт констатирал лекар, а увид на местото на настанот изршила екипа од СВР-Скопје.

По наредба на Јавно обвинителство, телото на починатиот е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.