Забава Град во Аргентина ги забрани изборите за убавина

Град во Аргентина ги забрани изборите за убавина

Аргентинскиот град Чивилкој ги забрани изборите за убавина, бидејќи се „сексистички“ и „поттикнуваат насилство над жените“.

Градскиот совет на Чивилкој соопшти дека таквите натпревари поттикнуваат опседнатост со физичката убавина и болести како што се булимијата и анорексијата.

Во Латинска Америка изборите за најубава жена често претставуваат отскочна штица за телевизиска или за филмска кариера.

Градскиот совет соопшти дека отсега сите прослави ќе бидат одбележувани така што ќе се признаваат успесите на младите, а наместо избори за убавина, ќе постојат натпревари за најдобри маски и и ќе се доделуваат награди за хуманитарна работа.