Македонија Град Скопје во петок ќе прска против комарци

Град Скопје во петок ќе прска против комарци

Авион за прскање против комарци. Фото: Град Скопје

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во петок (5 август) ќе започне дезинсекцијата против ларви од комарци, а на 8 август (понеделник), дезинсекцијата против возрасни форми на комарци.

„Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на Градот Скопје ќе се реализира на 5 август во текот на денот. Авионската дезинсекција, против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира на 6 август во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 8 август до 11 август, во период од 22 до 3 часот, наредниот ден“, информираат градските власти.

Ако временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Од Град Скопје препорачуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.