Македонија Град Скопје со парични донации за настраданите во пожарот во Тетово

Град Скопје со парични донации за настраданите во пожарот во Тетово

Фото: Мета.мк

На седницата на Советот на Град Скопје денеска беше изгласана одлуката за доделување на парична помош на семејствата на настраданите поради трагичниот настан што се случи пред еден месец, информираат од Град Скопје.

„Градот Скопје, како израз на солидарност кон семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово за секое загинато лице на семејство ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ“, гласи одлуката.

Ова беше последна седница на овој состав на Советот на Град Скопје, на која градоначалникот Шилегов им се заблагодари на сите советници за добрата соработка во изминатите четири години.