Македонија Град Скопје: ЈП „Паркови и зеленило“ не ги исече дрвјата во кампусот...

Град Скопје: ЈП „Паркови и зеленило“ не ги исече дрвјата во кампусот на УКИМ

Градот Скопје и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, реагираат на, како што велат, повторните лаги изнесени од СДСМ, дека Градот Скопје ги исекол дрвјата во кампусот на УКИМ, стои во соопштението од кабинетот на градоначалникот.

„Имено, и покрај испратениот демант од Град Скопје уште на 12 декември 2015 година, СДСМ продолжува со своите лаги и клевети. Поради тоа, бараме јавно извинување за изнесените невистини. Во спротивно, ќе биде поднесена пријава пред надлежен судски орган, за клевета. Градот Скопје уште еднаш сака да нагласи дека ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје не ги исече дрвјата во кампусот на УКИМ. Појаснуваме дека Градот Скопје е должен, во согласност со Законот, да издаде решение за сечење дрвја кога ќе приложи инвеститор градежна дозвола за спроведување детален урбанистички план“, стои во соопштението.