Македонија Град Скопје испрати помош во Тетовско

Град Скопје испрати помош во Тетовско

Градот Скопје, по обилните врнежи од дожд и по поплавите во Тетово и во регионот околу градот, испрати тим на лица, техничка помош и механизација за справување со поплавите.

Испратени се две цистерни за влечење вода и седум цистерни за носење вода од ЈП „Водовод и канализација“ и од ЈП „Kомунална хигиена“, три противпожарни возила опремени со моќни пумпи за испумпување вода, како и неколку моторни пумпи со голем капацитет за испумпување вода.

Со техничката помош на терен во поплавените делови испратена е и екипа од повеќе од 70 лица, составена од пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје, поголем број лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, како и од јавните претпријатија на Град Скопје.

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба, ќе испрати дополнителна помош.