Македонија Град Скопје ги потроши парите за велосипеди, дадени субвенции на 3.057 граѓани

Град Скопје ги потроши парите за велосипеди, дадени субвенции на 3.057 граѓани

фото: Град Скопје

Град Скопје го затвори јавниот повик за субвенции за велосипеди затоа што се исцрпиле сите планирани средства за период од само дваесетина дена.

„Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување нови велосипеди и исполнување на предвидените средства, овој јавен повик е затворен“, соопштија од Градот.

Јавниот повик беше објавен на 19 април 2021 година и аплицирањето се одвиваше онлајн, на линк објавен од Град Скопје. Од денот на објавувањето досега аплицирале 3.057 граѓани и со тоа предвидените финансиски средства се потрошени.

„Граѓаните покажаа голема заинтересираност за овој проект, а со тоа и висока свест за заштитата на животната средина. Во буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за велосипеди се предвидени 8,5 милиони денари. Во изминатите три години, беа доделени над 10.000 субвенции за граѓани кои купија велосипед“, информираа од Градот.