Македонија Град Скопје деновиве ќе прска против комарци од земја и авионски

Град Скопје деновиве ќе прска против комарци од земја и авионски

Авион за прскање против комарци. Фото: Град Скопје

Градот Скопје во текот на наредните неколку дена на подрачјето на градот Скопје ќе врши терестрична и авионска дезинсекција против комарци, информираат градските власти.

Прскање од земја против возрасни форми на комарци ќе се одвива од среда (22.06.2022 година) до сабота (25.06.2022 година), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Воедно, авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива на 25.06.2022 година (сабота) и на 26.06.2022 година (недела), во раните утрински часови.

„Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, се наведува во соопштението на Град Скопје.