Економија Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

(Фото: finance.bigmir)

Бензинот „еуросупер БС-95“ поскапува за еден денар, а „еуросупер БС-98“, дизелот и екстра-лесното масло за домаќинства за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Oд ноќеска на полноќ, nовата цена на литар „еуросупер БС-95“ изнесува 68,50 денари, а 70,50 денари на „еуросупер БС-98“, а литар „еуродизел“ ќе се продава за 62 денара.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,93 проценти. РКЕ ја донесе одлуката за цената на горивата врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.