Економија Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар, одлучи Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 66,50 денари, „еуросупер БС-98“ ќе чини 68 денари за литар, а „еуродизелот“, 55 денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати, согласно методологијата за формирање на цените на РКЕ, се зголемуваат во просек за 1,10 проценти.