Македонија Гори Универзалната сала во центарот на Скопје

Гори Универзалната сала во центарот на Скопје

Во моментов големи пламени јазици и чад се издигаат над тој дел од градот

Фото: Мета.мк

Пожар избувна денеска во Универзалната сала во Скопје. Гори куполата која беше поставена пред точно две седмици. Во моментов големи пламени јазици и чад се издигаат над тој дел од градот.

Дежурните пожарникари на телефонскиот број 193 потврдија дека се работи за објектот Универзална сала. На терен се повеќе противпожарни возила.

Фото: Мета.мк

Последен пат, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во февруари најави дека Владата ја презема реконструкцијата на концертната сала од град Скопје по двeгодишен застој при промената на градоначалници.